Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на претседателот Џефри Р. Холанд, претседател на Кворумот на Дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни, во сабота, 27 декември 2025 година, приближно во 3:15 часот наутро (според планинско време), од компликации поврзани со заболување на бубрезите, опкружен со неговото семејство. Имаше 85 години.
„Во Црквата, никој не беше подобар од него во поучувањето.“
— Старешина Квентин Л. Кук
Претседателот Холанд стана апостол на 23 јуни 1994 година. Во тоа време, служеше во Генералните Овластени Седумдесетмина (1989-1994). Пред целосно да се посвети на црковната служба. Претседателот Холанд служеше како претседател на Универзитетот Бригам Јанг (1980-1989), Комесар на Црковниот образовен систем (1976-1980) и декан на Колеџот за веронаука на Универзитетот Бригам Јанг (1974-1976). Дипломирал англиски јазик и магистрирал веронаука на Универзитетот Бригам Јанг. Исто така, има магистрирал и докторирал филозофија и американски студии на Универзитетот Јеил.
„Отсекогаш го сакав претседателот Холанд, уште од првите денови како млад мисионер“, рече старешината Квентин Л. Кук од Кворумот на Дванаесетте апостоли, кој му беше придружник на претседателот Холанд за време на нивната мисија во Англија во раните 1960-ти. Старешината Кук додаде дека уште тогаш ги беше забележал исклучителните ораторски вештини на тогашниот 20-годишен Холанд. Тој поседуваше „прекрасен“ дар за поучување на евангелието, како и „огромна духовна длабочина“, рече тој. „Веќе беше исклучително надарен и немаше подобар од него во Црквата кој знаеше да поучува.“
Претседателот Холанд почина кратко по смртта на неговата сопруга, Патриша Тери, која почина на 20 јули 2023 година. По него останаа нивните три деца, 13 внуци и неколку правнуци.