Во спомен на животот на Претседателот Џефри Р. Холанд

„Мојата целосна одговорност е да давам сведоштво за Исус Христос“

Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на претседателот Џефри Р. Холанд, претседател на Кворумот на Дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни, во сабота, 27 декември 2025 година, приближно во 3:15 часот наутро (според планинско време), од компликации поврзани со заболување на бубрезите, опкружен со неговото семејство. Имаше 85 години.


Во Цркавата [немаше] подобар од него кој знаеше да поучува “.

—Старешина Квентин Л. Кук

Претседателот Холанд стана апостол на 23 јуни 1994 година. Во тоа време, служеше како Генерален Овластен Седумдесетти (1989-1994).  Пред целосно да се посвети на црковната служба. Претседателот Холанд служеше како претседател на Универзитетот Бригам Јанг (1980-1989), Комесар на Црковниот образовен систем (1976-1980) и декан на Колеџот за веронаука на Универзитетот Бригам Јанг (1974-1976).  Дипломирал англиски јазик и магистрирал веронаука на Универзитетот Бригам Јанг.  Исто така, има магистрирал и докторирал филозофија и американски студии на Универзитетот Јеил.

„Отсекогаш го сакав претседателот Холанд, уште од првите денови [како млад мисионер]“, рече старешината Квентин Л. Кук од Кворумот на Дванаесетте апостоли, кој му беше придружник на претседателот Холанд за време на нивната мисија во Англија во раните 1960-ти.  Старешината Кук додаде дека уште оттогаш ги беше забележал исклучителните ораторски вештини на тогашниот 20-годишен Старешина Холанд. Тој имаше „прекрасен“ талент за поучување на евангелието, како и „огромна духовна длабочина“, рече Старешина Кук. „Уште тогаш беше исклучително надарен и [немаше]  подобар од него во Црквата кој знаеше да поучува.“

Претседателот Холанд почина кратко по смртта на неговата сопруга, Патриша Тери, која почина на 20 јули 2023 година. По него останаа нивните три деца, 13 внуци и неколку правнуци. 

image

Пораснал во дом каде што секогаш бил сакан

Да се запознаете со Претседателот Холанд беше како да се сретнете со некого кого го познавате отсекогаш.  Добивте цврсто ракување, пријателско тапкање по грбот, топла и привлечна насмевка и ентузијастично, но искрено „Како сте?“

Неговата искрена љубов кон другите беше еден од квалитетите што му овозможија на овој Апостол на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни толку ефикасно да го проповеда евангелието на Синот Божји.  Претседателот Холанд „поседува длабока духовност придружувана од исклучителна чувствителност. … [Тој постојано] ги надоградува, возвишува и ги привлекува луѓето кон себе“, забележа во една приликаПретседателот Џејмс Е. Фауст (1920-2007) од Првото претседателство на Црквата.  „Тој има прекрасен капацитет да ги натера луѓето да се чувствуваат како негови најдобри пријатели“.

Роден во Сент Џорџ, Јута, на 3 декември 1940 година, од семејството Френк Д. и Алис Бентли Холанд, претседателот Холанд го опиша своето детство како слатко и смирено време во мала заедница каде што сите се познаваа.  „Не можевте да западнете во неволја во тој град, дури и да сакавте.  Мајка ми ќе знаеше дека сум тргнат уште пред да се вратам дома“, се пошегува тој еднаш.

За претседателот Холанд, хуморот и искрената наклонетост беа од најголема важност.  „Секогаш бев сакан.  Но, бев сакан на начин на кој ниедно дете не можеше да посака повеќе“, рече тој.

Оваа љубов кон луѓето и кон животот се претвори кај младиот Џефри во вистинска страст за спорт.  Тој играше во секој можен тим во „Сент Џорџ“, беше член на државните шампионски фудбалски и бејзбол тимови на средното училиште Дикси и се истакнуваше во фудбал, кошарка, атлетика и бејзбол.

„Спортот беше мојата најголема радост во текот на моето детство“, кажа Претседателот Холанд. „Играв во секој можен тим“.

Градење семејство со Патриша Тери

Но, неговиот ум не беше толку преокупиран со спортот за да не ја забележи Патриша Тери како го бодри од страна.  Тие почнаа да се забавуваат во средно училиште и се венчаа на 7 јуни 1963 година.  Нивниот уникатен однос им помогна да се обликуваат и да се оспособат во нивните различни одговорности во Црквата.

Патриша Холанд беше остварена пејачка, текстописец и говорник. Сепак, претседателот Холанд кажа дека нејзин главен приоритет отсекогаш било нејзиното семејство— особено важен факт додека воспитувала три тинејџери на кампусот на Универзитетот Бригам Јанг (BYU) во време кога Претседателот Холанд бил ангажиран како претседател на универзитетот

„И ја должам целата моја заслуга за управувањето со семејството на Пет “, рече претседателот Холанд, кој напиша повеќе од десетина книги— две од нив коавторски со Пет.  „Бевме многу зафатени, уште од најраните години на нашиот заеднички живот, и секогаш чувствувавме дека се бара од нас да правиме одредени работи предвреме, пред да бидеме доволно возрасни, доволно паметни или доволно мудри за да ги направиме. … Таа навистина се обидуваше да создаде нормален [живот] [за нашите деца и] работеше на укажување што треба да имаат семејствата, како и што треба да имаат и какви треба да бидат родителите за своите деца. … Јас останував без зборови, со широко отворени очи од восхит: Таа едноставно би скокнала од која било даска за скокање за мене, за Црквата, за Бога, за нејзините деца. Отсекогаш го правела тоа“.

image

Истото важеше и за претседателот Холанд, кој свесно одвојуваше време за своите три деца, Метју, Мери Алис и Дејвид. Мет кажа дека неговите најмили спомени од детството се од заедничките оброци. Секоја вечера беше пријатно семејно собирање, полно со смеа, комплименти, охрабрување, стимулативни разговори, сведоштва, лекции и изрази на љубов.  Секогаш можеше да се види дека Тато беше најсреќен кога беше дома со своето семејство.“

image

Претседателот Холанд рече дека неговиот пристап кон доброто родителство е роден дома и е фундаментален.  „Кога имате љубов за Господ во вашиот живот, кога знаете дека животот има смисла и цел, дека простувањето е вистинско и дека љубовта е најсилната сила во универзумот—тогаш е многу полесно да се биде среќен и да се создаде средина во која и другите луѓе ќе можат да бидат среќни“.

Господин, научник дипломат — и секогаш учител

Неговата страсна, непоколеблива вера првпат процвета на 19-годишна возраст кога служеше мисија за Црквата во Англија.  Тој ја опиша оваа мисија како пресвртница во неговиот живот, за време на која ја продлабочил својата вера во Бога и започнал со интензивно проучување и стекнал длабока благодарност за Книгата на Мормон.  Претседателот Холанд изјави дека неговата мисија „или ќе биде поткрепена или драматично изменета— на позитивен начин — секоја цел, чувство и аспирација што некогаш сум ја имал“ — меѓу нив и одлуката по враќањето во Јута, да ја продолжам кариерата како професор, наместо да студирам медицина.

Претседателот Холанд потоа магистрирал и докторирал на американските студии на Универзитетот Јеил.  По дипломирањето, тој пропуштил многу профитабилни понуди и наместо тоа одлучил да се врати на црковно образовниот систем и да го поучува она што најмногу го сакал — евангелието на Исус Христос. Поучувањето не било само она со што тој се занимавал — туку и она што тој бил.

Еден од претседателите на мисија на Претседателот Холанд, Старешина Мерион Д. Хенкс (1921–2011), кажа, „Џефри Холанд е учител по природа. Тој е господин, научник и дипломат — но пред сè, тој е учител“.

Претседателот Холанд во тоа време немал поим дека неговиот педагошки талент и остроумност ќе биде основа за неговите идни задачи во Црквата.  Неговиот брат Денис изјавил: „Сé што Џеф сакаше, беше да им го предава евангелието на учениците во училница на час. Секогаш бев сигурен дека Господ ја има истата цел во мислите за него, само што големината на училницата и бројот на ученици беа многу поголеми отколку што тој замислувал“.

Сферата на влијание на претседателот Холанд се проширила кога бил назначен за Комесар на црковниот образовен систем во 1976 година и бил повикан да стане деветти претседател на Универзитетот Бригам Јанг во 1980 година.  Како претседател, тој водел кампања за собирање средства од 100 милиони долари, му помогне на универзитетот да ги прослави и надмине атлетските достигнувања (вклучувајќи го и националното првенство на фудбалскиот тим на БЈУ во 1984 година) и ја заработил почитта на многумина кога помогнал во задушувањето на силните протести против изградбата на Центарот на БЈУ во Ерусалим (завршен во 1989 година).

Претседателот Холанд служеше како претседател на Американската асоцијација на претседатели на независни колеџи и универзитети, член на одборот на Националната асоцијација на независни колеџи и универзитети и член на Комисијата на претседатели на Националната колегијална атлетска асоцијација.  За неговите напори за подобрување на разбирањето меѓу христијаните и Евреите, тој беше награден со „Факелот на Слободата“ од Лигата Против‑Клевета на Б'наи Б'рит. Тој исто така служел како член на одборот на директори на неколку непрофитни и комерцијални‑организации.

Повикан да биде Специјален сведок за Христос

image

Претседателот Холанд стана Генерален овластен Седумдесетти во 1989 година, а пет години подоцна доби доживотен повик да биде Апостол на Исус Христос. На прес-конференција на храмскиот плоштад, истиот ден кога го доби повикот, претседателот Холанд опиша колку ненадејно бил повикан да биде апостол и дека има намера да го посвети остатокот од својот живот на полновремена служба во служба за каузата на Христос.

„Изминатите неколку часа беа речиси неподносливи“, рече тој на 23 јуни, 1994. „Го примив тој повик во 7:30 часот утрово. … Претседателот [Хауард В.] Хантер ме повика, ги среди работите околу храмот, ми ги даде упатствата и ме благослови. Сè направи. Неговиот совет, неговото водство и неговиот благослов длабоко ме трогнаа. … Мојата главна одговорност сега, мојата примарна одговорност — во извесна смисла, мојата целосна одговорност — е да сведочам за Господ Исус Христос.  Колку и да се чувствувам недостојно, тоа е најпријатната, најнаградувачката и највозбудливата задача што еден човек може да ја има на овој свет.  Се обврзувам да го посветам мојот живот на тоа“.

Пет, неговиот постојан охрабрувач, на истата прес-конференција изјави дека верата на претседателот Холанд во Исус Христос ќе биде неговиот најголем адут како Апостол.

„Никој освен [мене] не ја знае длабочината на неговата вера. Таа е чиста“, им рече Пет на присутните новинари. „Тој е скромен слуга на Господ Исус Христос.“

И тоа беше она што претседателот Холанд беше во последните децении од својот живот. Како и сите апостоли, тој патуваше низ светот.  Ова ја вклучува, особено необичната задача да ги води црковните работи во Чиле две години (2002-2004).  „Се заљубивме во Чиле и неговите луѓе и горко плачевме кога си заминавме“, раскажа тој.  „Така се одвиваат работите во Црквата.  Станува збор за луѓето, верата, духовното искуство и посветеноста што ја развивате жртвувајќи се за другите“.

Меѓу многуте други одговорности на претседателот Холанд е неговата улога како придружник на претседателот Расел М. Нелсон на првото големо патување на Нелсон како црковен водач во 2018 година: 11-дневно патување низ осум градови во Европа, Африка и Азија.  Во ноември 2023 година, тој стана Вршител на должноста претседател на Кворумот на дванаесетте апостоли по смртта на претседателот М. Расел Балард. По смртта на претседателот Нелсон, претседателот Холанд стана Претседател на Кворумот на дванаесетте апостоли.

image

Претседателот Холанд ја почитуваше Христовата задача да служи „пред цареви и владетели“ (Учењата и заветите 1:23) на особено шармантен личен начин.  На пример, тој беше поканет во неколку наврати од бароницата Ема Николсон (член на Домот на лордовите на Велика Британија и основач и претседател на Фондацијата AMAR) во замокот Виндзор, Лондон, за да разговараат за начините на кои им се помага на современите бегалци да ги надминат своите тешкотии. Бароницата рече дека ги почитува овие теолошки размени со претседателот Холанд затоа што „тој е учител“ и овие дијалози се „исклучително важен“ аспект од нивната взаемна соработка.

Светците од подоцнежните дни ќе се сетат на многуте привлечни, елоквентни — и секогаш надежни — проповеди на Претседателот Холанд. Тој им донесе светлина на оние кои се борат со темните неизвесностите на пандемијата COVID-19. Тој покажа емпатија за оние кои страдаат од предизвици со менталното здравје, дури и се осврна на неочекувана „психолошка траума“ во неговиот сопствен живот. Тој укажа на мирот што може да се најде во Книгата на Мормон.  И, соодветно, во некои од неговите последни јавни обраќања се фокусираше на надежта во Христа.

„Продолжете го вашето патување со непоколеблива постојаност во Христос, со совршена надеж и љубов кон Бога и кон сите луѓе“, им кажа Претседателот Холанд на младите возрасни низ целиот свет во јануари 2023 година, цитирајќи стих од Книгата на Мормон. „Оваа светла надеж, родена од љубовта кон Бога и кон сите луѓе — е она што го посакуваме за секој од вас во оваа нова година.  На оваа светла надеж ќе се додаде несомнената сигурност дека Бог ве сака, дека Христос е ваш Застапник, дека евангелието е вистинито.  Неговата брилијантност ќе ве потсети дека во евангелието секогаш, секој ден, секој час, има нова шанса, нов живот, нова година.  Какво чудо!  Каков дар!  И преку дарот на Христос, најдобрите работи во животот се наши ако цврсто продолжиме да веруваме, да се обидуваме и да се надеваме.“

Без разлика какви пораки на надеж тој споделил во текот на неговите повеќе од 25 години како Апостол, секоја од нив била фокусирана на евангелието на Исус Христос.

„Животот ќе ве тестира.  Ќе се соочите со тешкотии.  Ќе страдате“, ги поучуваше претседателот Холанд своите следбеници на социјалните мрежи кратко по почетокот на пандемијата COVID-19 во март 2020 година. „Затоа, каде и да одите, прво свртете се кон Христос.  Склучувајте завети со Него и почитувајте ги во текот на целото свое патување“.

image

Мотивацијата на претседателот Холанд да биде толку лично ангажиран со секој човек— без разлика дали лице в лице, од говорницата или преку социјалните медиуми — можеби се наоѓа во неговиот омилен стих во Учењата и Заветите 81:5; „Затоа, бидете верни; стојте цврсто на чинот на кој сум ве назаначил; помагајте им на слабите, поткревајте ги рацете на слабите и зајакнувајте ги слабите колена.“

Претседателот Холанд верувал дека апатијата и погрешното сфаќање на Божјите дарови се најголемите предизвици на нашето време. Затоа, тој ги поучувал другите: „Бидете побожни, смирени и послушни, барајте ја Неговата волја и Неговиот пат, и ќе знаете доволно за да ги направите следните чекори до работ на светлината, кои можеби се дури и чекор два во темнината, а потоа ќе откриете дека светлината доаѓа за следниот чекор.“

Водејќи ги луѓето чекор по чекор кон светлината на Евангелието, претседателот Холанд станал таков учител каков што го опишал Хенри Адамс, кој напишал: „Учителот влијае врз вечноста; тој никогаш не може да знае каде завршува неговото влијание“.

image