Старешина Герит В. Гонг од Кворумот на Дванаесетте Апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја заврши својата службена турнеја во Централна Европа од 5-15 јуни 2025, инспирирајќи илјадници луѓе и зајакнувајќи ги врските со граѓанските и верски водачи во неколку Балкански земји. Неговото патување вклучи посети на Германија и Швајцарија.

Старешината Герит В. Гонг од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни се среќава со г-ѓица Силда Чепе, заменик министер за Европа и надворешни работи на албанската влада, во Тирана, Албанија, на 9 јуни 2025 година. Старешина Гонг беше придружуван од Старешина Рубен В. Алијауд, претседател на Централно европската Област, и Мајкл П. Аурас, претседател на мисијата Тирана во Албанија.


Старешината Герит В. Гонг од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни се среќава со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи во Владата на Северна Македонија, во Скопје, 10 јуни 2025 година. Старешина Гонг беше придружуван од Старешина Рубен В. Алијауд, претседател на Централно европската Област, и од Мајкл П. Аурас, претседател на мисијата Тирана во Албанија.


Старешината Герит В. Гонг од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни се среќава со Големиот муфтија на Косово, шеикот Неим Тернава, кој ја надгледува исламската заедница во земјата. Средбата се одржа на 11 јуни 2025, во приштина Косово. Старешина Гонг беше придружуван од Старешина Рубен В. Алијауд, претседател на Централно европската Област, и од Мајкл П. Аурас, претседател на мисијата Тирана во Албанија.


Старешина Герит В. Гонг се состана со неколку членови, вклучително и млади повозрасни лица, во храмот Берн, Швајцарија во четврток, 12 јуни 2025 година.


Старешина Герит В. Гонг се состана со неколку членови, вклучително и млади повозрасни лица, во храмот Берн, Швајцарија во четврток, 12 јуни 2025 година.


Старешина Герит В. Гонг зборува на специјалната Конференција на Кол во Минхен, Германија во недела 15 јуни 2025 година.


Старешина Герит В. Гонг се поздравува со посетителите на Специјалната Конференција на Кол во Минхен, Германија во недела 15 јуни 2025.


Повеќе од 3.000 посетители од Франкфурт, Фридрихсдорф, Хајделберг и Кајзерслаутерн се сретнаа на Конференција на повеќе колови во Визбаден, Германија, во недела, 8 јуни 2025 година.


Старешина Герит В. Гонг се поздравува со посетителите на Конференцијата на повеќе колови во Визбаден, Германија во недела 8 јуни 2025.

Германија: Порака на Припадност и Надеж
Старешина Гонг ја започна својата посета со мултирегионална конференција во Визбаден, Германија со над 3000 членови и пријатели на Црквата. Користејќи германски изрази на припадност и мир, тој поучуваше дека обновеното евангелие е дом за сите и дека никој не треба да седи сам—во црква или во животот.
Целосниот извештај за неговата посета на Визбаден може да се прочита тука.
Овој ист дух продолжи и на специјалната конференција на кол одржана на 15 јуни во Минхенскиот научен конгрес центар, со повеќе од 1000 учесници од околината на Минхен и на Салцбург. Старешина Гонг ги покани сите да ветат дека ќе бидат најгостопримливите луѓе—како Добриот Самарјанин кој осигурал никој да не биде оставен сам. Старешина Гонг беше придружуван од неговата сопруга Сестра Сузан Гонг, како и од Старешина Џек Н. Џерард од Претседателството на Централно Европската Област и неговата сопруга, Клодет. Другите присутни водачи беа Старешина Ив Вајдман, од Обласните Седумдесетмина; Претседател и Сетра Бејтс, Водачи на Мисија на Алпската германско-говорна Мисија; и Претседателите на Кол на поканетите региони, Претседателот Јендрик Хасе од Минхен и Претседателот Дејвид Рот од Салцбург.
Албанија, Северна Македонија и Косово: Зајакнување на Пријателствата и на Службата
Во Тирана, Старешина Гонг се сретна со Г-ѓица Силда Чепе, Заменик Министер за Европа и Надворешни Работи за да изрази благодарност за верската слобода и да разговараат како да се изградат силни одговорни заедници. Тој потоа ги охрабри локалните членови да ги зајакнат семејствата и да ја споделат Христовата светлина.
Во Скопје, Северна Македонија, Старешина Гонг посети една од главните болници каде црковните донации спасуваат животи и најави и понатамошна поддршка за проширување на итната помош. Тој се сретна и со Г-динот Зоран Димитровски, Заменик Министер за Надворешни Работи, при што ја истакна соработката на Црквата со локалните институции и стави акцент на одгледувањето на младина која е одговорна и го почитува законот.
Во Косово, Старешина Гонг одржа интересна дискусија со Шеикот Неим Тернава, Големиот Муфтија и духовен водач на Исламската заедница во земјата, како и Г-дин Албин Курти, Премиерот, за тоа како да им се помогне на младите да ги надминат современите предизвици со верата, образованието и семејниот идентитет.
Локалните духовни молитвени средби вклучија трогателен момент кога Старешина Гонг отпоздрави млад слеп човек, нежно водејќи ги рацете на човекот кон неговото лице—дозволувајќи му да „прогледа“ преку допирот. Гестот влеа радост и страхопочит, повторувајќи го сочувството видено во службата на Спасителот и оставајќи трајна топлина и надеж.
Целосен извештај за посетата на Старешина Гонг на Албанија, Северна Македонија и Косово може да се прочита тука.
Пораки за Надеж и Подготовка на Народот од Швајцарија, Австрија и Јужна Германија:
На нивната станица во Швајцарија, Старешина и Сестра Гон посетија неколку членови, вклучувајќи Млади Повозрасни Лица, на специјалната духовна молитвена средба во Храмот Берн во Швајцарија.
За време на посетата на Германија, на конференцијата на кол во Минхен, Сестра Гонг го сподели концептот Кинцуги—јапонска уметност на поправка на злато—и поучи дека кога нешто скршено се поправа внимателно, станува поубаво и поскапоцено: нашите заздравени лузни можат да нé разубават и да нé зајакнат.
Старешина Џерард ја потсети публиката колкав благослов е да се слушне Господовиот глас преку Неговиот избран слуга и да се зборува за моќта на искрената молитва—и колку е важно тивко да се наслушнат одговорите, исто како што Џозеф Смит го правел тоа кога сведочел: „Лично дознав“.
Сестра Џерард ги покани сите духовно да се подготват за новиот храм во Виена, охрабрувајќи ги духовно и физички да му се приближат на Господ.
Другите говорници, вклучувајќи го и Претседателот Јендрик Хасе и Претседателот Дејвид Рот сведочеа дека ниту една ситуација не е премногу безнадежна за да се покаете и дека преку Христос, заробениците се ослободуваат кога дозволуваме Бог да надвладее во нашите животи. Тие ги поттикнаа слушателите да проверат дали нивните секојдневни постапки водат кон духовна слобода или заробеништво.
Во текот на неговата 10-дневна служба, пораката на Старешина Гонг беше доследна: евангелието на Исус Христос нуди чувство на припадност, надеж и прибежиште за сите—и секој од нас може да помогне да се осигураме дека никој сам не оди по животниот пат.