Сте чуле ли некој да каже: „Ова беше одлична сакраментална средба,“ и се чудите дали сте биле на истата средба и вие? Сакраменталната средба е наменета да ги благослови нашите животи, но за да го извлечеме најдоброто од неа, треба да вложиме малку од себе. Еве неколку предлози за...
Сакраментот:
- Како дел од вашето дневно учење, прочитајте што Писмата во Топичниот Водич кажуваат за „Сакрамент.“
- Подгответе се пред средбата. Дојдете порано, слушајте ја музиката и побарајте откровение.
- За време на сакраменталната химна, вистински размислувајте за зборовите на химната.
- Прегледајте во умот зошто го земате сакраментот.
- Фокусирајте се на молитвите додека се кажуваат. Размислувајте за себе како ставен под завет.
Говорите:
- Одлучете дека ќе научите барем една нова работа од секој говорник. Потоа, вистински слушајте.
- Ако некој говорник изгледа нервозен, насмевнете се и направете контакт со очи. Избегнувајте шепотење со другите. И вие би сакале истата љубезност и почит ако бевте на амвонот. Вашата внимателност ќе помогне да го поканите Духот да ве поучи.
- Замислете дека треба да напишете извештај за говорот. Кои добри точки ги истакнува говорникот?
- Запишете прашања за темата на говорот за да ги истражите подоцна.
- Доведете некој помалку активен пријател. Ќе откриете дека сте поприсутни и дека повеќе учите доколку вашиот пријател има прашања или сака да разговара за тоа што го слушнал или слушнала.
- Запомнете дека ако пристапите кон говорите со желба да учите, Духот може да ве научи на работите што треба да ги научите, дури и ако говорниците не ги споменат директно.