Франкфурт на Мајна

Свет на Грижливите: Хуманитарна Работа во Европа во 2024

Приближно 20 милиони луѓе имаат корист од проектите ширум Централно Европската Област

Од Босна и Херцеговина до Турција и Таџикистан, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни се стреми да води грижа за Божјите чеда во Европа и до скоро секој агол од светот на многубројни начини. Грижата за другите се смета за една од клучните одговорности за сите црковни членови.

Голем број на хуманитарни проекти ширум земјите на Европската Централна Област благословија приближно 20 милиони присилно раселени луѓе кои живеат во областа. Црквата соработува со владини и невладини агенции за да помогне во финансирањето на прифатните центри и да се обезбедат ќебиња, постелнина, храна, облека, засолниште, лекови, здравствена заштита, образование, санитација, хигиенски комплети и служби за интеграција.

На 20 март 2025 во градот Аркадак, Туркменистан, еден седумдесетти од црковната област Пол Пикард им се обрати на присутните на меѓународната конференција „Година на Мир и Доверба: Развој на Меѓународни Активности во корист на децата“. Присутните и говорниците на конференцијата вклучуваат претставници на меѓународни организации, национални влади, заедници и приватен сектор.

Во неговиот говор, старешина Пикард вели, „Како следбеници на Исус Христос, ние ги живееме Неговите учења. Кога Исус бил прашан која е најголемата заповед, тој одговорил дека тоа е да ‘Се сака Господ вашиот Бог со сеHumanitarian Work in EURC 2024 то свое срце, душа и мисла’. Тој потоа ја додаде и втората најголема заповед, да ‘го сакате ближниот како себе си’. Оваа љубов ја движи нашата цел, и започнува во рамки на нашите семејства“.

Тој продолжи, „Генерацијата што расте е иднината на човештвото, и ние ја имаме одговорноста да ја штитиме, да ја негуваме и да дадеме сé од себе за нашите деца“.

Заеднички напори за Проширување на Хуманитарниот дострел

Во заедничките напори со доверливи организации за спроведување, Црквата го проширува својот дострел во Европската Централна Област за да го ублажи страдањето и обнови достоинството на илјадници кои имаат потреби. Опсегот на проекти за 2024 година опфаќа:

  • 108 проекти во корист на жените и децата
  • 44 проекти за вода, средства за хигиена, и санитарии
  • 112 проекти за здравје и попреченост
  • 80 проекти во корист на бегалците, имигрантите и внатрешно раселените лица
  • 56 проекти за образовниот систем
  • 43 проекти за храна и безбедност на храната

Соработка со Муслиманска Помош да им се помогне на граѓаните на Босна и Херцеговина

Прославувајќи 10 години постоење, иницијативата за оранжерии ги обезбеди примателите со целосно опремени и поставени оранжерии, заедно со програми за обука за да научат како успешно да водат една оранжерија. Од 2014 година, преку овој проект се изградени над 3000 оранжерии, што значајно го зајакна локалното население.

young man working in a greenhouse
Од 2014 година, овој проект доведе до изградба на повеќе од 3.000 оранжерии во Босна и Херцеговина.

Истовремено беа развиени два дополнителни проекти— иницијативата за пчеларство и дистрибуција на бремени млечни крави за да помогнат да се развијат социо економските услови во руралните домаќинства. Проектот за пчеларство е сеопфатен напор што вклучува дистрибуција за пчеларски материјали, наставна поддршка и образовна кампања за важноста на пчелите. Иницијативата да се дистрибуираат бремени млечни крави до семејствата кои имаат потреби им помага да ги задоволат нивните нутритивни потреби со свежо млеко и обезбедува финансиско зајакнување преку продажбата на вишокот млеко.

Донации на три училишта во Турција, регионот Хатај

На 23 октомври 2024 год., Црквата, заедно со турските власти, официјално отворија три училишта во регионот Хатај, југоисточна Турција. Моќните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари 2023 уништија многу домови и оштетија важна инфраструктура, вклучувајќи училишта. Степенот на уништување во областа Хатаи, недалеку од границата со Сирија, беше особено сериозен.

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни обезбедуваше помош во најпогодените области во Турција. Децата од соседните заедници немаа повеќе потреба да патуваат долго за да го продолжат своето образование. За овие теми, Старешина Пикард кажуваше на неодамнешната меѓународна конференција во Туркменистан: „Не постојат зборови да се искаже радоста гледајќи ги овие невини и среќни деца како се враќаат на училиште“.

Inauguration of new schools
Три нови училишта финансирани од Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни ќе бидат отворени во регионот Хатај во Турција на 23 октомври 2024 година.

Чиста Вода за Руралниот Таџикистан

Како дел од светските напори да се обезбедат сите луѓе со чиста вода и санитарии, Црквата соработува трета година по ред со католичката агенција за помош Каритас Таџикистан во руралните области на Таџикистан.

Children standing next to a fountain
Децата во кантонот Шахртуз, Таџикистан, го слават пристапот до чиста вода.

Ранлива популација од 17 000 лица во далечниот град Шахртуз во Таџикистан, ги подобрија сопствените услови за живеење и здравствениот статус со зголемен пристап до одржливо чиста вода за пиење. Дополнително, подобрената јавна санитарија и инфраструктура за управување со отпадот доведоа до подобрени практики за санитација.

Помош на глобално ниво во 2024

Црквата обезбеди помош во 192 земји и територии, и без потрошени вкупно 1,45 милијарди американски долари. Ова вклучува 3,836 хуманитарни проекти. Членовите на Црквата волонтираа вкупно 6,6 милиони часови служба во црковните објекти за Благосостојба и самостојност, во служење мисии, и проекти за служење на заедницата.

На самитот за меѓународна трговија минатата година, Претседавачот Епископ Жерард Косе кажа: „Веруваме дека нашата одговорност кон Божјите творби вклучува, на највисоко ниво, света должност да ги сакаме, почитуваме и да се грижиме за сите човечки суштества со кои ја делиме земјата“. Претседавачката Епископија е трочлен совет кој работи под раководство на Првото Претседателство на Црквата да управува со работи како што се хуманитарната помош, програмите за благосостојба, посните прилози и донираниот десетокот, и физичките објекти, меѓу другото. Тие исто така често патуваат за да им служат на членовите на Црквата ширум светот.

„За мене, еден од најсветите аспекти на службата како Претседавач Епископ е одговорноста да се организира световна помош за оние на кои им е најпотребна—во и вон рамките на Црквата“ вели Епископ Косе.