Поврзувачката Моќ на Природата: Сопствениот и Мостот на Духот

Светски Ден на Животната Средина: Како Свесноста за Природата Води до Духовно Поврзување

forest along a river ©2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved.
Застанете и помирисајте ги розите

На 5-ти јуни се одбележува Светскиот ден на Животната средина—глобална иницијатива наменета за поттикнување на еколошки дијалог и решавање на еколошките проблеми. Во многу религии, природата има длабоко значење, често служи како свет амблем на верата. Во согласност со Христијанските погледи кон природата, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-Дни ги инспирира своите членови да ја прифатат природата како израз на благодарност и восхитување. Починатиот Апостол Старешина М. Расел Балард ја нагласил важноста на дружење со природата кога извикнал: „за вистински да му се восхитуваме на Создателот, мора да ги почитуваме неговите творби. Треба да испланираме и да одвиме време за да ги набљудуваме чудата на природата“. Во свет опседнат со зафатеност, Старешина Балард ги советува членовите на Црквата да „застанат и да ги помирисаат розите“ како начин за повторно поврзување со Бога, со другите и со самите себе.

people walking on the beach ©2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved.
Одвојте време да „Бидете спокојни“

Лична Свесност

Во Библијата, Бог советува, „бидете спокојни и знајте дека Јас сум Бог“. Во денешното општество со забрзано темпо, да се постигне ова спокојство е предизвик, особено за помладите генерации. Пандемијата Ковид-19, принуди многу луѓе на изолација, нудејќи лично ресетирање и поучување на вредноста на присуството и внимателноста. Еден сé популарен метод на применување на свесност е преку поминување што повеќе време во природа. Научно е докажано дека го подобрува менталното здравје и го зајакнува позитивното размислување. Интеракцијата со околината не само што го олеснува споскојството, туку исто така, позитивно влијае и на психата. Природата предизвикува поглед кон себе, провоцирајќи многу луѓе да копаат подлабоко во себе за да стекнат лични впечатоци и внатрешен спокој.

bridge extending into lake ©2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved.
Внимателноста води до Духовност

Мостот до Божественоста

Поранешниот Претседател на Црквата Џон Тејлор забележува, „Без разлика дали гледате птици, ѕверови, или пак човековиот систем, гледате нешто исклучително убаво и хармонично, достојно да се размислува за постоењето на Бог“. Во сé посекуларен свет, концептот за Божјо постоење често се игнорира. Сепак, да се нурнете во природата често поттикнува подлабоки егзистенцијални прашања. Старешина Стивен Л. Ричардсон, уште еден починат апостол на Црквата, ја поистоветувал убавината со „чиста религија“, сомневајќи се „дали барем едно рационално битие некогаш имало сфаќање за Бог како лично битие, освен во опкружување на убавина и исклучителна привлечност“. За Светците од Подоцнежните Дни, средбите со божественото често се случуваат во природата, како што е потврдено со обновата на Црквата, што започнала во шумичка со дрва каде Џозеф Смит помладиот го видел Бог и Исус Христос. Природата служи како канал за поврзување со божественото, инспирирајќи поединци да бараат духовни искуства.

Во согласност со многу други верски традиции, членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни се повикани да бидат управители на земјата, гледајќи на природата како на мост кон Бога. Преку природата, луѓето учат да „бидат спокојни“ и да откријат дека Бог можеби се наоѓа поблиску отколку што претходно мислеле дека е.