Порака на Обласното Раководство

Станете благодарен управител

Како луѓе кои трагаат по Исус Христос, нашата животна игра обработува теми за негово пронаоѓање.

Elder Mark Stewart
Старешина Марк Г. Стујард, Обединето Кралство Обласен Седумдесети, Област Европа Север

За време на семејните собири на семејството Стујард една игра што секогаш се игра и во која лесно се лаже е „монопол“. Животот може понекогаш да ни се чини како играта монопол. На неодамнешен семеен настан, мојата сопруга Аилса ме праша: Зошто си секогаш толку среќен кога ја играш оваа фрустрирачка игра?!“ Мојот одговор беше едноставен. Она во што уживам е ризикот на играта, а не победата или поразот.

Добро познатиот (1) создавач на концептот на играта, Лизи Маги, беше ќерка на шкотски имигранти. Таа ја нарече „игра за живот“ преку која може да доживеете од прва рака какво е чувството да се акумулира богатство или да се изгуби. Беше популаризирана од Квекерите кои ја сметаа за непроценлива во прикажувањето на капитализмот во ново светло. Чарлс Дароу и донесе комерцијален успех на оваа игра и стана милионер. Иронично, но за разлика од него, Лизи, не доби ништо.

woman folding her hands over her heart

Како луѓе кои трагаат по Исус Христос, нашата животна игра обработува теми за негово пронаоѓање. (2) Да се бара Исус Христос е привилегија откако ќе разберете дека Тој го трасираше нашиот пат: да може да го пронајдеме и да наликуваме на Него. Во текот на моето патување кон Него открив дека фактот што сум благодарен управител е многу важен за мене.

Нашето семејно име потекнува од Високите управители на Шкотска. Улогата на Стјуад-ите како службеници довела до тоа на крај да станат генерацијата на Цареви. На ист начин, како трагачи по Исус Христос, и ние сме слуги, осветени преку помирувањето на Исус Христос, за да станеме како Него.

Мотото на нашето семејство е „Virescit vulnere virtus“, што во превод значи „стануваме похрабри кога сме ранети“. Откривам дека мојата храброст е најјака, кога јас, како управител, разбирам каде лежи мојата реална цел и моќ.

Едно откровение од Пророкот Џозеф Смит дадено во Киртланд, Охајо во 1831, се осврнува на значењето на управителството: „И вистина во ова нешто вие сте правеле мудро, зашто е потребно од Господ, во рацете на секој управник, да даде еден извештај за неговото управување, и во време и во вечност”. (3) Оваа одговорност е централна за крајните ветувања на верните управители. „Кој тогаш е верникот и мудриот слуга. Оној што тој ќе го направи владетел над сите добра“. (4)

Слично на играта монопол, спротивно на тоа да се биде управител е да се биде неблагодарен сопственик. Сопствеништвото може да се дефинира како она што за мене е најважно е она што го поседувам. (5) Од друга страна управителството е она што за мене е најважно е кој ми го подарил или ми го доверил тоа за да се грижам за него. (6) Начинот на кој ја играме играта на животот може да биде видоизменет кога сфаќаме кому му служиме, и кога се обидуваме да бидеме подобри по настаните (опасностите) tшто ни се случуваат на нашето патување околу семафорот на таа одлична игра на животот.

Како и во монопол, радоста што ја чувствувате кога ќе ја купите престижната картичка за паркирање лејн, или спротивно на тоа, кога ќе стапнете на картичка со катастрофална шанса, или во други случаи, кога сите ваши пари се изгубени со едно фрлање на коцка, играта на животот ќе ви го испорача и доброто или лошото, среќата и тагата. Апостолот, Павле, го нагласи ставот кој ни е потребен за да станеме исклучителни управители. (7) „за сé, бидете благодарни“.

Кога живееме живот како еден благодарен управител, нашите животи можат да добијат поголемо значење, над сé што нуди светот, нашите животи буквално можат да бидат платно за Божјата слава, како што Давид сподели во псалмите „бог е сопственикот”. „Господова е земјата, и сé е на неа; светот, и сите кои живеат во него“. (8)

Ве канам да станете благодарен управител кога ја играте оваа предизвикувачка игра на животот. Ако сме верни ќе бидеме поддржани од надежта што е во Исус Христос и ветувањата што ни ги даде Тој.

„Зашто тој ќе го постави за владетел над сите негови добра“.

Во името на Исус Христос, амин.


Белешки:

  1. The New York Times, Monopoly’s inventor: The progressive Who didn’t pass go. (2015)
  2. Етер 12:41
  3. УиЗ 72:3
  4. Матеј 24:45-47
  5. Oxford Dictionary (ownership)
  6. Merriam-Webster Dictionary (Stewardship)
  7. 1 Солуњаните 5:18
  8. Псалми 24:1