Старешина Дејвид А. Беднар од Кворумот на Дванаесетте Апостоли и неговата сопруга, Сестра Сузан Беднар, неодамна пропатуваа низ Европа, служејќи им на членовите и пријателите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Германија, Турција, Кипар и Унгарија. Преку духовни молитвени сесии и конференции, Старешина Беднар ја нагласи важноста на личното откровение, склучувањето и одржувањето на светите заповеди, и живеење како следбеници на Исус Христос. Тој, исто така, се сретна со владините и водачите на локалната власт за да ги зајакне односите и да разговара за хуманитарните напори и придонесите на Црквата во истражувањето на семејната историја.

Старешина Дејвид А. Беднар од кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос (центар) придружуван од неговата сопруга Сузан (десно), Старешина С Марк Палмер и неговата сопруга Жаклин (најдесно), и Џек Н. Џерард од Претседателството на Европа Централна област и неговата сопруга Клодета, која одговараше на прашањата од младите и младите самохрани повозрасни лица на Црквата за време на специјалната духовна молитвена сесија во Берлин, Германија на 14 февруари 2025 г.


Младите самохрани повозрасни лица ги креваа рацете како одговор на прашање на Старешина Дејвид А. Беднар од Кворумот на Дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос за време на специјалната духовна молитвена сесија за Прашања и Одговори во Берлин, Германија во петокот на 14-ти февруари 2025.


Старешината Дејвид А. Беднар од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни и Рубен В. Алијауд, претседател на Централната област на Црквата во Европа, зборуваат со еден мисионер за време на конференцијата на округ во Истанбул, одржана на 16 февруари 2025 година.


Старешина Дејвид А. Беднар од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос ги поучува членовите и пријателите на верата за време на специјалната духовна молитвена сесија во Ларнака, Кипар, во четврток, 20 февруари 2025 година.


Марија Зениери, Ксаоју Ванг и Линда Фарел Милонас споделуваат длабока емоционална поврзаност како пионери членови на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни на Кипар. Линда е првиот член на овој остров. Заедно, тие беа сведоци на растот на Црквата од една шака луѓе во приближно 600 членови. Во четврток, 20 февруари 2025 година, тројцата пријатели се собраа во Ларнака, желни да ги слушнат учењата на специјалниот сведок на Исус Христос, имено старешината Дејвид А. Беднар од Кворумот на дванаесетте апостоли.


Старешина Дејвид А. Беднар од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни му подарува статуа на Христос на Миклош Солтеш, унгарскиот државен секретар за цркви, малцинства и граѓански работи, во петок, 21 февруари 2025 година. Луѓе одлево надесно: Томас Хенгст (СемејноПребарување), Џек Н. Жерард (Претседателство на областа Централна Европа), Дејвид А. Беднар (Кворум на дванаесетте апостоли), Миклош Солтеш (државен секретар на Унгарија), Петер Борсос (претседател на кол на Будимпешта), С. Марк Палмер (Претседателство на Седумдесетмина).


Старешината Дејвид А. Беднар од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни се среќава со главниот архивист д-р Чаба Сабо, генерален директор на Националниот архив на Унгарија, во петок, 21 февруари 2025 година. Луѓе одлево надесно: Марк Палмер (Претседателство на Седумдесетте), Томас Хенгст (Семејно пребарување), Џек Н. Џерард (Претседателство на Централната област на Европа), Дејвид А Беднар (Кворумот на Дванаесетте апостоли), Д-р. Чаба Сабо (главниот архивист на Унгарија), Питер Борсос (Претседател на кол на Будимпешта).


Старешина Дејвид А. Беднар од Кворумот на дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни одговара на прашања за време на средбата со мисионерите во Будимпешта во сабота, 22 февруари 2025 година.


Старешина Дејвид А. Беднар се среќава со група мисионери во Будимпешта, Унгарија, во сабота, 22 февруари 2025 година.


Старешина Дејвид А. Беднар и сестра Сузан Беднар зборуваат со група млади повозрасни лица во Будимпешта, Унгарија, во недела, 23 февруари 2025 година.


Старешина Дејвид А. Беднар зборува на конференција на округ во Будимпешта, Унгарија, во недела, 23 февруари 2025 година.

Берлин, ГЕРМАНИЈА
На 14 февруари, старешина и сестра Беднар се сретнаа со младите и младите повозрасни лица во Берлин за време на специјалната духовна молитвена сесија. Тие беа придружувани од Старешина Џек Н. Џерард од Претседателство на Европа Централна Област и неговата сопруга Клаудет, како и Старешина С. Марк Палмер од Претседателството на Седумдесетмината и неговата сопруга Жаклин. Беднар и другите црковни водачи и посетителите не понудија подготвени говори. Наместо тоа, тие поставуваа прашања до присутните млади и млади повозрасни лица, вклучувајќи прашања за Помирувањето на Исус Христос, покајанието и одговор на молитви.
Старешина Беднар ги замоли младите да се фокусираат на впечатоците наместо да фаќаат белешки за време на двочасовното поставување и одговарање на прашања.
„Мојата молитва е да не се сеќавате на ништо што беше кажано вечерва. На ниту едно прашање или одговор, туку, наместо тоа, никогаш да не заборавите што ви се открива во умот и во срцата преку моќта на Светиот Дух. Затоа, обратете особено внимание на она што го учите преку моќта на Светиот Дух“, поттикнувал Апостолот.
Истанбул, ТУРЦИЈА
Парот Беднар во посета на членовите во Истанбул, Турција на 16 февруари. За време на специјалната конференција на округ, Беднардови понудија охрабрување и совет за начинот на кој треба да се живее како Исусов ученик и да се биде добар граѓанин во својата локална заедница. Повеќе од 500 луѓе учествуваа во конференцијата лично или преку технологија.
Старешина Беднар поучува за моќта што доаѓа кога склучуваме и ги одржуваме склучените завети со Бога: „Кога се заветуваме со Бога, можеме да бидеме благословени со посебна и моќна љубов од заветната поврзаност со Него и Неговиот Син. Старешина Беднар, исто така, ги охрабри членовите да активно да учествуваат во животот на нивната заедница, со тоа што ќе ги покажат на дело христијанските особини во нивните секојдневни интеракции. Тој објасни и дека Црквата не е само физичка градба, туку тело од верници, обединети во Исус и посветени на тоа да го следат.
Старешина и Сестра Беднар без придружувани од Старешина Рубен В. Алијауд, претседател на Централно европската област на Црквата, и неговата сопруга Сестра Фабијата Алијауд.
Ларнака, КИПАР
Уште една попатна станица на Бернардови беше Ларнака, град на островот Кипар. На 20-ти февруари, Светците од Подоцнежните Дни и верските пријатели се собраа за да ги слушнат зборовите на специјалните сведоци на името на Исус Христос, вклучувајќи ги и Марија Зениери, Ксаоју Ванг и Линда Фарел Милонас кои споделија длабока емоционална поврзаност како пионери членови на Црквата на островот. Линда има чест да биде првиот член. Заедно, тие гледаа како Црквата порасна од неколку членови до приближно 600.
Додека Старешина Беднар и се обраќаше на конгрегацијата, дел од своите забелешки им ги упати и на оние кои не се верници. „[] Пораката [на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни] е најважната пораќа што некогаш ќе ја чуете“, вели апостолот. „Тоа е порака на живиот и воскреснат Исус Христос, кој со Неговиот Отец, му се појавиле на едно момче, кое на крајот станало пророк. И токму преку овој пророк евангелието на Исус Христос и Црквата на Исус Христос беа обединети на земјата повторно. Објавуваме дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е таа Црква. И ве каниме да дојдете и да ја тестирате оваа порака. Дојдете и сами дознајте“.
Ги остави со едно сведоштво за божественоста на Исус Христос. „Кога Спасителот вели, ‘јас сум начинот’ Тој е единствениот начин преку кој можеме да му се вратиме на Небесниот Отец, да живееме со нашите семејства за вечноста и на крај да станеме како нив“ вели Старешина Беднар. „Јас сведочам дека ова е вистина“.
Будимпешта, УНГАРИЈА
Во Будимпешта, Старешина Беднар, заедно со другите делегации на Црквата, вклучувајќи и претставници од СемејноПребарување, ја имаа можноста да се запознаат со Миклош Солтеш државен секретар на Унгарија за цркви, малцинства и граѓански работи. Дискусијата беше насочена кон црковните придонеси на Унгарија, вклучувајќи ги хуманитарните напори и генеолошки истражувања преку СемејноПребарување. Беше нагласен и претстојниот градежен зафат за изградба на храм во Будимпешта и неговата важност, со покана упатена до владините претставници да присуствуваат на клучните настани како удирањето на темелите и деновите наменети за обиколка. Средбата служеше како можност да се зајакне соработката со владата и да се истражат области од заеднички интерес.
Старешина Беднар се сретна и со главниот активист д-р Чаба Сабо, Генерален директот на Националниот Архив во Унгарија. На средбата беа истакнати заедничките напори за поддршка на истражувањето на семејна историја и архивско сочувување, надградба на минатите иницијативи и истражување на нови можности. Д-р. Сабо, угледен историчар, има клучна улога во унапредување на врските помегу СемејноПребарување и унгарските институции, вклучувајќи ги универзитетите и владините агенции. Дискусиите исто така се фокусираа на можни идни настани и иницијативи за едукација што би можеле дополнително да го промовираат генеалошкото истражување во Унгарија.
За време на престојот во оваа земја, старешина Беднар одржа и средби со мисионерите, црковните водачи и младите повозрасни лица, како и голема Конференција на округ(беа вклучени неколку колови). На неговите средби со мисионерите, Старешина Беднар сведочеше дека почитувањето на заветите може да ви помогне кога минувате низ тешкотии: „Кога се покорувате и ги почитувате заветите што ги склучувате во евангелието, дури и среде страдањето, може да видите над болката и низ неа до радоста. За време на Конференцијата на Округ, тој објаснува за Божјиот интерес за нас: „Господ нéе сака сите нас, цело време. Тој сака да ве направи нова личност. Тој не бара само дел од вас, туку ве бара целосно. Нема ништо порадосно, од тоа целосно да му се предадеме нему“.
Во Будимпешта, Беднардови без придружувани од целото Претседателство на Централно европската област заедно со нивните сопруги, како и Старешина Палмер и неговата сопруга.