Старешина Гонг во посета на членовите на Црквата се сретна со достоинственици во Албанија, Северна Македонија и Косово

Старешина Герит В. Гонг се сретна со националните водачи, верски претставници и членови на Црквата за време на службената посета ширум Балканот

Во текот на мулти- националната турнеја во јуни 2025 на Европската централна област на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, Старешина Герит В. Гонг, од Кворумот на Дванаесет Апостоли, придружуван од Сестра Сузан Гонг ги посети Албанија, Северна Македонија и Косово. Нивната посета ја потенцираше хуманитарната соработка, односите со владите, меѓуверскиот дијалог, и духовната поддршка—поврзувајќи ги заедниците преку заедничките вредности на семејството, служењето и взаемната почит.

Старешина и Сестра Гонг беа придружувани од Старешина Рубен В. Алиауд, Претседател на Европската Централна Област на Црквата, со неговата сопруга Фабијана Алиауд и Претседателот и Сетра Аурас, водачи на мисија за овој регион на Балканот.

Албанија: Потенцирање на Верската Слобода и Граѓанска Одговорност

На 9 -ти јуни 2025, во главниот град Тирана, старешина Гонг се сретна со г-ѓа Силда Чепе, Заменик министер за Европа и за Надворешни Работи. Нивниот разговор беше фокусиран на заедничка цел да се изградат заедници каде напредуваат верската слобода и граѓанската одговорност.

Старешина Гонг изрази благодарност за поддршката на верската слобода во Албанија и ја потврди посветеноста на Црквата да им помага на поединци да станат одговорни граѓани што ги почитуваат законите. Заменик министерката Чепе ја потенцираше посветеноста да се сочува ова основно право.

Подоцна истиот ден, Старешина и Сестра Гонг се сретнаа со повеќе од 370 членови и пријатели на Црквата, кои се собраа во центарот на Тирана. Во топла исполнета со вера духовна молитвена средба, старешина Гонг изрази љубов и охрабрување, повикувајќи ги членовите да ги зајакнат своите семејства, да се поддржуваат едни со други и да продолжат да ја споделуваат светлината на евангелието во нивните заедници.

Северна Македонија: Медицинска поддршка за Скопската Универзитетска Клиника

На 10 јуни 2025, Старешина Гонг отпатува за Скопје, Македонија, каде ја посети Универзитетската Клиника за Хиругија „Св. Наум Охридски“. Црковните донации ја опремија универзитетската клиника со медицинска опрема која спасува животи, вклучувајќи дефибрилатори и повеќенаменски колички за пациенти. Поддршката доаѓа во критично време—по трагичниот инцидент што резултираше со бројни повредени. Како резултат на овие донации, 29 пациенти ја добија основната грижа и оздравување.

Болницата на самиот влез и врачи на Црквата спомен плакета. За време на посетата, Старешина Гонг, придружуван од Сатрешина Алиауд од Седумдесетте, најавија дополнителна донација за удвојување на капацитетот на одделот за итни случаи.

„Сестрите и докторите овде се вистински херои“, вели Сатешина Гонг, заблагодарувајќи им се лично на четворицата лекари кои неуморно работеле во текот на изминатите недели. Голем дел од персоналот кој овде работи со децении, покажува посветеност на благосостојбата на нивната заедница.

Подоцна тој ден, Сатрешина Гонг се сретна со заменик министерот за надворешни работи на Северна Македониа, г-динот Зоран Димитровски. Во текот на нивниот разговор, тие ја нагласија соработката на Црквата со локалните институции и нејзиниот акцент на градење на млади одговорни луѓе кои го почитуваат законот.

Претседателот на Мисија Мајкл Аурас сподели како младите мисионери станаа културни амбасадори—учејќи го јазикот, почитувајќи ги традициите и создавајќи трајни врски. Министерот Димитровски ја изрази својата поддршка за континуираната соработка меѓу Црквата и локалното граѓанско општество и верските водачи.

Таа вечер повеќе од 125 членови и пријатели на Црквата се собраа во хотел во центарот на Скопје и одржаа духовна молитвена средба. Посетата на Старешина Гонг донесе охрабрување и лична служба додека ги отпоздравуваше присутните поединечно, дознавајќи за нивните животи и понуди возвишувачки совети.

Неговата порака беше фокусирана на четири лични покани. Да се трудиме да го живееме евангелието на Исус Христос, да го споделуваме евангелието и да каниме други да дојдат при Христа, да им помагаме на сиромашните и на оние кои имаат потреби и на крај да ги обединиме семејствата—минати, сегашни и идни—за вечноста.

Старешина Гонг исто така зборуваше за семејните односи кои имаат исцелителна моќ и одржување на светите обврски—порака што испровоцира силен емотивен одговор кај сите присутни.

Косово: Меѓуверски дијалог и средба со Премиерот

Во Приштина, Старешина Гонг се сретна со Големиот Муфтија на Косово, Шеик Наим Тернава–духовен водач на Исламската заедница во земјата, за да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат младите во Косово–вклучувајќи ја зголемената стапка на самоубиства, злоупотреба на дрога и моралната несигурност. Тие истражија начини на кои верата може да обезбеди духовно закотвување и идни можности.

Старешина Гонг ја нагласи важноста на помагањето на младите луѓе да ја живеат својата вера, а воедно позитивно да се ангажираат во современиот свет. Тој ги претстави црковните програми како програмата на БЈУ „Pathway Worldwide“ осмислена да им обезбеди едукација и надеж за подобра иднина на младите без да го напуштат домот.

За време на средбата со Косовскиот премиер, г-дин Албин Курти, Старешина Гонг се осврна на влијанието што го има вештачката интелигенција и општествените промени врз младите. Тие разговараа за важноста на семејниот идентитет, моралната јасност и градењето на цврсти заедници.

„Квалитетот на исходот зависи од квалитетот на влезните информации“, вели Старешина Гонг, залагајќи се за човечката интелегенција гаена во силните семејни опкружувања. Претседателот на локалната гранка, Ерјон Тели, ја прикажа апликацијата СемејноПребарување, нагласувајќи ја нејзината улога во сочувување на семејната историја и семејните врски.

Старешина Гонг ја заврши својата посета со духовна молитвена средба во Косово, посетена од членовите и хуманитарните партнери. Вечерта беше исполнета со топлина, сведоштво и лични моменти на поврзаност.

Една особено трогателна сцена се случи кога Старешина Гонг се поздрави со една слепа жена, нежно водејќи ги нејзините раце до неговото лице —дозволувајќи му да „прогледа“ преку допирот. Гестот предизвика радост и страхопочит, одразувајќи го сочувството видено во Спасителовата служба.

Сестра Гонг исто така и се обрати на публиката, поучувајќи за моќта на лична промена и моќта на верата. Сатрешина Гонг ги покани мисионерите да ја рецитираат Првата Визија на локалниот јазик, потоа ги охрабри сите да станат миротворци и да пронајдат радост живеејќи ги евангелските принципи.