Старешина Косе вели дека Црквата рапидно расте во Франција

Французин роден во Бордо служи како апостол во својата родна земја за време на неговото прво патување надвор од земјата во која живее

image

Во Франција, каде многу луѓе не веруваат во Бог или не припаѓаат на некоја религија, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни расте.

„[Црквата] во моментов се соочува со рапиден пораст на крштевки во Франција“, рече Старешина Жералд Косе од Кворумот на Дванаесетте Апостоли за време на посета на Париз во сабота, 21 февруари 2026 година.

Тој и неговата сопруга, Валери, започнаа повеќедневна служба ширум Европа и ќе останат неколку дена во пошироката област на Париз, градот каде тие некогаш живееја и каде Старешина Косе служеше како локален водач на Црквата долги години. Беа во придружба на Старешина Рубен В. Алиауд, Претседател на Централноевропска област, и неговата сопруга, Фабијана.

На бројните средби во париската област каде Старешина Косе зборуваше, неколку неодамна крстени Светци од Подоцнежните Дни споделија што ги привлече кон Црквата на Исус Христос.

„Почувствував порака на мир и љубов“, вели Августин Лембле, кој беше крстен во средината на февруари. „И уште пред да го прифатам Светиот Дух, веќе знаев дека ова е местото каде треба да бидам. Имам сведоштво дека ова е вистинското место.“

Сесил Алвес де Фреитас, која беше крстена во јули 2025 година, сподели: „Навистина сум благодарна што Старешина Косе зборуваше за фактот дека ние треба да бидеме светлината во овој свет и дека треба да го носиме Исус со нас секој ден — не само во неделите“.

Робин Гаел Буаник, кој беше крстен минатата недела, кажа: „Сфатив дека таа е вистинската Црква на Исус Христос. Барав вистинска црква, вистинска вистина, и се прашував кои сме ние навистина, длабоко, токму сега сфатив дека ние сме во Црквата на Исус Христос. Таа е вистински благослов за мене.“

Старешина Косе ја нагласи важноста на личната посветеност и единство во рамки на Црквата.

„Го чувствувам овој Дух што нè обединува, преку Христос и за Христос“, и кажа тој на конгрегацијата за време на конференцијата на кол во јужен Париз во неделата, на 22-ри февруари. Тој рече дека оваа посветеност се негува преку читање на светите списи, особено Книгата на Мормон. Тој рече дека има посебно сведоштво за оваа света книга, бидејќи ја прочитал многупати.

„Иако можеби беше веќе којзнае кој пат како ја читав Книгата на Мормон, јас повторно ја открив во ново светло“, рече старешина Косе „Можам да потврдам дека централната порака на Книгата на Мормон е да го врати  вистинското разбирање за суштинската улога на Исус Христос во спасението и возвишувањето. Нема друга книга во светот што нуди толку чисто и јасно разбирање на планот на спасение и улогата на Исус.“

Како Апостол (тој беше повикан во ноември 2025), неговиот живот е посветен на Спасителот. Неговата основна должност е дава сведоштво во името на Исус Христос.

„Повикот да се биде апостол е свет и исклучително важен во Црквата“, рече Старешина Косе. „Апостолите се секогаш вашите браќа. Горди сме да ве нарекуваме наши браќа и сестри во евангелието. Тоа никогаш нема да се промени. … Валери ми посочи дека дел од мојата улога како Апостол е да изразувам љубезност во името на Исус Христос. Не се работи само за одржување говори, туку и за имање ист вид личен контакт со секој човек, каков што имал Христос.“

За време на своите пораки, Старешина Косе ги охрабруваше членовите да продолжат да им служат на оние околу нив и да ги зајакнуваат своите заедници. Тој ги потсети сите дека духовниот раст се состои во живеење на животот со вера секој ден.

„Најдобриот начин да се претстави Црквата е преку нејзините членови“, рече тој. „Црквата сте вие, моите браќа и сестри“.

Апостолот се потсети на поканата на Претседател Расел М. Нелсон да се користи откровителното име на Црквата— Црква на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

„Тоа дефинира кои сме, дека ние сме Црквата на Христос на земјата, која ги собира учениците кои Тој ги избрал за овие подоцнежни дни“, рече тој.

Ова патување во Франција е само момент на длабоки духовни искуства, и за учесниците и за семејството Косе. Тие чекорат по стапките на своите претци, откривајќи одново и одново познати лица и споделувајќи го сопственото сведоштво за Христос во област каде Црквата доживува рапиден раст.