Баку, Азербејџан

Црквата на Исус Христос за Прв Пат Учествуваше на Азербејџанскиот Меѓурелигиозен настан „Боја на Разновидноста“

Триесет и три религиозни групи беа претставени на фестивалот

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни зазема учество за прв пат на Фестивалот „Боја на Разновидноста“ кој се одржа во Баку Експо Центарот на 5 Ноември, 2025. Настанот, организиран од Државниот Комитет за Афери и Религиозни Здруженија на Република Азербејџан, ги доведе заедно претставници од 33 религиозни заедници од околу земјата под темата „Година на Уставот и Суверенитетот.“

Старешина Рубен В. Алијад, Претседател на Европската Централна Област на Црквата, ја водеше делегацијата на настанот и се сретна со владини службеници, меѓуверски водачи и други достоинственици. „Ние сме почестени да се придружиме со пријатели од многу вери во славење на убавина на разновидноста и споделените вредности кои не обединуваат како деца на Бог. Примерот на Азербејџан за меѓуверска хармонија е инспирација за светот. Ние се радуваме да го продолжиме нашето пријателство и служба во оваа впечатлива нација“, кажа Старешина Алијад.

Фестивалот ја слави Азербејџанската долга традиција на религиозна толерантност и културна хармонија. Програмата вклучува егзибиции од верски заедници, музички и културни изведби, и здружена меѓуверска молитвена церемонија.

Фестивалот започна со вовед на штандовите на религиозни заедници и беше проследена од официјална воведна церемонија која ја вклучуваше Националната Химна на Азербејџан и видео презентација на Азербејџанските традиции на толерантност.

Културни изведби и презентации од разновидни религиозни групи и нивни лидери во Азербејџан беа исто така дел од програмата, која заврши со заедничка молитвена церемонија и групна слика од учесниците.

Претседател Хубер, кој ја води Мисијата на Црквата во Турција и Персиско-говорно подрачје, беше одбран да се моли на крајот на Фестивалот, помеѓу единаесет други религиозни лидери. „Јас се молев за благосостојбата за сите Божји деца во овој дел на светот, за тие да продолжат да ја уживаат слободата на обожавање на Бог според нивна совест и верување“, тој се изрази.

Учествување на фестивалот претходи друго историско достигнување — инаугурацијата на првата капела на Црквата во Баку, закажана за 13 Ноември, 2025. Овој настан прави значаен чекор во растечкото присуство на Црквата во Кавказкиот регион и го обележува нејзиното посветување во поддржување на вера, семејство, и заедница каде и да е воспоставена.

Владини службеници, религиозни претставници и други достоинственици ќе учествуваат во тој моментален настан. Навечер, ќе има јавна отворена прослава која се подготвува да им посака добредојде на членови и пријатели на Црквата. Формалното осветување на зградата ќе биде изведено од висок лидер на Црквата.