„Славата Божја е разум“. Ова основно начело на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја поттикнува сеопфатната поддршка на Црквата за образованост и писменост на нејзините членови и пријатели.
Писменоста надминува читање и пишување на хартија. Во дигиталната ера таа им овозможува на луѓето безбедно и соодветно да имаат пристап до, да ја разберат, да ја вреднуваат, да создаваат, да комуницираат и да бидат вклучени во дигитална содржина.
Според УНЕСКО (Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации), на приближно 740 милиони млади и возрасни ширум светот им недостасуваат основните вештини за читање и пишување, со што се попречува напредокот и се продолжува сиромаштијата. Што е уште поважно, четири од 10 деца не го задоволуваат минималното владеење на вештината читање.






Во Црна Гора, Црквата соработува со Дефендологија за да обезбеди едукативен материјал, обувки, и облека за ромските деца. Благодарение на џрковната финансиска поддршка тимовите на Дефендологија се во можност да обезбедат работилници, часови на училиште, и целодневна настава како поддршка во читање, пишување и математика за децата на возраст од три до 18 години кои живеат во неформални ромски населби.
Црквата соработува со уште неколку организации за помош како што се УНИЦЕФ (Агенцијата за деца на Обединетите Нации), Службата Jesuit Relief Service (JRS), Меѓународната организација Каритас, и Црвен Крст за поддршка на иницијативите што вклучуваат:
- Претшколски материјали за Баку и Азербејџан
- Алатки за учење за бегалци во Адана, Турција
- Алатки за поучување на аутистични деца и ученици кои имаат проблеми со видот во Унгарија
- Јазични обуки во Луксембург
- Школски прибор, опрема и инфраструктура во Албанија, Австрија, Белгија, Босна, Бугарија, Кипар, Германија, Грција, Италија, Косово, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Шпанија и Узбекистан
Курсеви спонзорирани од Црквата
- EnglishConnect: На интернет и преку лично помагање им нуди на учесниците да стекнат напредни вештини по англиски во пријателска и позитивна атмосфера. За да пронајдете клас во ваша близина, посетете ја EnglishConnect.org.
- Универзитетска програма на интернет на УБЈ Pathway: Оваа меѓународна црковно спонзорирана школа нуди сертификати, степени и додипломски степени во многу области за проучување. Посетете ја byupathway.edu за да дознаете нешто повеќе.
„Среќна сум што го остварив својот сон: да научам англиски. Бог подготви пат за мене. Лекциите и темите помогнаа и го променија мојот живот“.
—Марјана Тоска, Албанија
Ајде да промовираме писменост и доживотно учење
Кога го прославуваме денот на Писменоста, ајде да се сетиме зошто писменоста и доживотнотоучење се толку суштински. Како што кажа Далин Х. Оукс, еден од водачите на Црквата во 2009 година, „Доживотното учење може да ја зголеми нашата способност да ги цениме и да уживаме во делата и убавините на светот околу нас“.