Европа

Четири нови Советници на Организацијата за Област повикани во Централно Европската Област

Жените ќе започнат со својата служба на 1-ви август 2024 год.

Претседателството на Централно Европската Област на Светците од Подоцнежните Дни неодамна најави промени на Советниците на Организацијата за Област во Областа. Следните советници беа ослободени од повикот по три години оддадена служба: Сибил Фингерле, Летиција дос Сантос Рудолф, Гисејн Симонет и Јулија Вондра. Тие беа помеѓу првите Советници на Организацијата за Област повикани во Европа и служеа цели три години на оваа позиција, која прв пат беше одобрена од Првото Претседателство во 2021 год.

Следните четири жени се повикани за оваа позиција и ќе ја започнат својата служба на 1-ви август 2024 год:

Сестра Џејн Брингам од Германија

Сестра Лаура Екари од Шпанија

Сестра Сибел Лиебард од Франција

Сестра Елеонора Саутвик од Унгарија

images of four women
Новоповиканите Советници на Организацијата за Област за Централно Европската Област, одлево надесно: Џејн Брингам, Германија, Лаура Екри, Шпанија, Сибеле Франсоаз Лиебар, Франција, Елеонора Саутвик, Унгарија.

„Со нетрпение очекувам да служам со прекрасните жени, пионери и верни водачи во Унгарија и Романија, за да му помогнам на Господ да го прошири и зајакне овој дел од Неговото лозје“, вели Сестра Саутвик. „Исус Христос е извор на вистинската радост, раст и олеснување, неговото евангелие е одговор на сите животни прашања и решение за проблемите во светот“, продолжува таа.

Советниците на Организацијата за Област служат под раководство на нивното Претседателство на Област. Тие може да помогнат да се определи правецот и да се обучат новите локални организации Здружение за Помош, Млади Жени, и претседателства на Основно, под раководство на претседателствата на кол и округ. Исто така, добиваат редовни обуки од претседателствата на генералните организации. Обично служат три години.

„Со оваа нова можност за служење, ќе бидам благословена да работам во единство со водачите на Основно, Млади Жени и Здружение за помош на Шпанија, за да им помогнам на семејствата и на поединците да се приближат до Исус Христос и да станат совршени како Него“, вели Сестра Екари. Таа продолжува: „Зборовите на Исаија што се наоѓаат во 2 Нефи 22:2-3 изразуваат како мојот Спасител и Неговото Евангелие го благословуваат мојот живот и животот на другите: ‘Ете, Бог е моето спасение; Ќе му верувам и нема да се плашам; зашто Господ Јехова е мојата сила и мојата песна; тој стана и мое спасение. Затоа, со радост ќе црпиш вода од изворите на спасение’.

Покрај определување на правецот и поддршка за новоповиканите претседателства на организацијата, Советниците на Организација за Област, исто така, им помагаат на претседателствата да се вклучат во Божјото дело за Спасение и Егзалтација.

„Во последните години, нашето семејство беше обилно благословено преку работењето во храмот и на семејната историја. Тоа нé зближи, ги зајакна нашите меѓусебни односи и нé приближи до Христос“, вели Сестра Брингам. „Се молам за да можам да ги сослушам, да сочувствувам и да понудам приемчиво срце кон сестрите на кои им служам, за да тие се почувствуваат почитувани, поддржани и сакани“, продолжуваа таа.

„Верата во Исус Христос, жртвите и единството на првите жени пионери како што се Луси Мек Смит, Ема Смит и толку многу други ангажирани во Божјото дело, ме инспирираат да слушам со понизност и љубов, и да им го понудам потребното охрабрување и поддршка на сестрите“, вели Сестра Лиебард. Сведочејќи за Божјото водство за Неговите чеда, таа се повикува на Старешина Беднар, кој вели дека „светите писма се Господовата однапред запишна волја“. Сестра Лиебард продолжува: „Додека учев или бев водена кон одереден стих, често слушав како гласот на Исус Христос ме теши и ме инспирира. Јас знам дека Исус Христос живее, ова е Неговата Црква и уверена сум дека Тој го подготвува патот за секој од нас“.

„Ние сме многу благодарни за овие прекрасни сестри и нивната важна служба како Советници на Организацијата за Област“, вели Старешина Масимо де Фео, Претседател на Централно Европската Област. „Тие се жени со голема вера во Господ, Исус Христос верни на својот завет и ќе помогнат да се поучат, обучат и благословат многумина, вклучувајќи ги и локалните водачи на организациите Здружение за Помош, Млади Жени и Основно“, заклучува тој.

Следните се кратки биографии на новоповиканите сестри:

a man and a woman
Џејн и Дарен Брингам од Германија.

Џејн Брингам е родена во Лонгвју, Вашингтон, САД и е во брак со Дарен Брингам. Имаат три деца и живеат во колот Кајзерлаутерн Германија. Сетра Брингам во моментот служи како Консултант за Храмска и Семејна Историја на Оддел и Кол и Обреден Работник во Храмот Франкфурт. Таа служи во претседателствата на Здружение за Помош и Млади Жени на Оддел и Кол, и како Претседател на Основно на Оддел. Има универзитетска диплома за германски јазик и историја и магистер по образование за странски јазици. Таа работи како Професор по германски и социологија во „Department of Defense Dependents School“. (Оддел за Одбрана во училиштето за издржувани лица)

a man and a woman
Лаура Екри и Марчело Саул де Барос од Шпанија.

Лаура Екари е родена во Памплона, Шпанија и е венчана со Марчело Саул де Барос. Тие живеат во колот Викторија, Шпанија. Сестра Екари во моментот служи како Претседател на Здружение за помош на оддел и Храмски Обреден Работник. Служела и како полновремен мисионер на Храмскиот Плоштад во Солт Лејк Сити, учител во Неделната Школа, Семинаријата и Институот, во претседателствата на Млади Жени, специјалист за Благосостојба и Самостојност и Претседател на Основно за Оддел. Има дипломи за Психопедагогија, Социјална Интеграција, Образование и Музика и работи како когнитивен обучувач за студенти со Хиперактивно нарушување со недостаток на внимание и дислексија.

a man and a woman
Сибеле Франсоаз Лиебар и Луис-Мари Лиебар од Франција.

Сибеле Франсоаз Лиебар е родена во Анже, Франција и е во брак со Лоис-Мари Лиебар. Тие живеат во Колот Јужен Парис и имаат четири деца. За време на нејзиниот повик, таа служела како втор советник во Претседателството на Млади Жени на кол. Таа исто така служела како претседател на млади жени, советник во претседателствата на Здружение за помош и Основно и како предавач на Семинарија и Институт. Пред да се посвети на воспитување на своите деца, Сестра Лиебар работела како конзерватор-реставратор на стар текстил во музејот за мода во Палатата Галиера, Парис.

a man and a woman
Елеонора и Кристофер Саутвик од Унгарија.

Елеонора Саутвик е родена во Унгарија и е во брак со Кристофер Саутвик. Живее во колот Будимпешта, Унгарија и има три сина. Сестра Саутвик неодамна служеше како Претседател на Здружение за Помош на Округ а пред тоа беше предавач во Здружението за Помош и предавач и советник за Основно. Таа работи како преведувач за Црквата во канцеларијата во Унгарија.