Позадина

Што би објавил Исус?

Еден поглед на младите Светци од подоцнежните Дни кон дигиталниот свет

Кога луѓе ќе слушнат за Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, најпрво ги замислуваат мисионерите кои носат значки како разговараат со минувачите. Во бројни прилики, европските медиуми го истражуваа присуството на членовите на Црквата на интернет. Една анкета на десетина млади Светци од Подоцнежните Дни ширум Европа дава увид од прва рака за тоа како тие ги користат социјалните платформи-особено инстагарам- и што е тоа што ги издвојува.

Многу слично како и во нивниот живот кога не користат интернет, повеќето млади Светци од Подоцнежните Дни сакаат да бидат продолжение на божественост, поврзаност и позитивност на интернет. Нивните постови можеби изгледаат исто како и на луѓето околу нив—истакнувајќи ги секојдневните моменти—но има забележлива разлика во тоа како тие ги користат и гледаат на социјалните медиуми. Разликата е вкоренета во нивното основно верување во Исус Христос.

Ги признаваат многуте придобивки од социјалните медиуми, заедно со нивните недостатоци. Нивната крајна цел, дури и кога ги користат овие платформи, е да се биде „во светот а не од светот” обидувајќи се да го следиме Исусовиот пример и да шириме добрина.

young adults sitting and laughing

Како да се забележат Светците од подоцнежните Дни на Инстаграм

Најголемиот број Светци испитаници велат дека ги користат социјални медиуми како и сите други. Остануваат во контакт со своите пријатели преку директни пораки, уживаат во забавите на макари, ги користат како бегство од секојдневниот стрес, и остануваат информирани за животот на другите лица.

Настрана од можните биографски наговестувања што укажуваат на нивната религиозна припадност—како што е врска до некоја евангелска локација, омилен стих, или инспиративен цитат—тие може да изгледаат како кои било други.

Како изгледа еден профил на Светец од Подоцнежните Дни?

Врз основа на одзивот на интервјуираните млади луѓе, еве што би можеле да најдете на профилот на Светците од Подоцнежните Дни:

Тие споделуваат постови за нивниот начин на живот, од секојдневни моменти до повремени „колекција на фотографии“, често преку приказни или постови за да ги споделат со нивните пријатели и да водат личен дневник. Хобијата и содржина поврзана со кариерата се вообичаени, и вклучуваат активни видео записи од трејлери, индивидуални позитивни промовирања на брендови, клипови за пеење, патувачки авантури, мајчинство, управување со бизнис или промовирање на бренд, готвење и споделување на вести од културата.

Уште една тема што е повторлива е верска содржина. Одреден број на Светци од Подоцнежните Дни ја споделуваат евангелската доктрина и верувања или едноставно имаат за цел да ги возвишат другите со позитивни пораки. Додека некои ретко ја спомнуваат Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, за други таа зафаќа централно место од нивното присуство на социјалните медиуми. Естер, млада Светителка од подоцнежните дни која живее во Шпанија вели: „Социјалните медиуми треба да бидат средство за пополнување на нашето тело со светлина, [и] средство за ширење на светлината“. Таа се повикува на стих во врска со ова (3 Нефи 13:22).

Како религијата го обликува погледот на социјалните мрежи

Светците од Подоцнежните Дни веруваат дека секоја личност има способност да разликува вистина од лага. Во свет каде реалноста и ВИ и понатака сé помалку се разликуваат, вкупниот обем на содржина може да стане неподнослив. И покрај тоа, овие млади светци од подоцнежните дни се чувствуваат ментално подготвени да го препознаат доброто од лошото и искрено да бараат возвишувачки медими, избегнувајќи ги истовремено содржините што се во спротивност со нивните вредности.

Естер исто така објасни: „Тоа (евангелието) влијае на сé што правам. Морам да изберам да барам работи што ми помагаат Духот да биде присутен“.

Оливер, млад возрасен од Австрија, на сличен начин сподели дека тој е свесен за содржината што „не е нормална“ за него, иако можеби е нормална за другите. Тој опишува колку несоодветните или хумористични медиуми можат да ни го одвлечат вниманието од поосмислените аспекти на животот и да ја нагласуваат потребата да се остане свесен.

Спомнувајќи го Претседтелот Далин Х. Оукс од Првото Претседателство, Себи Монтоја Ангус сподели во нејзината статија Is Social Media Distracting You from What Matters Most?, „Се разбира дека е добро да се гледа морално одобрена забава или да се добијат интересни информации. Но, не сé од таков вид е достојно за делот од нашиот живот што го даваме за да го добиеме. Некои работи се подобри, а други се најдобри“.

Ханеја, швајцарска инфлуенсерка, изрази слична загриженост во врска со губењето време на интернет и нагласи колку е важно да се биде свесен за тоа кој влијае врз вас Таа верува дека редовно консумирање на медиуми може да има траен ефект.

Споредбата е значајно прашање поврзано со употребата на социјалните медиуми. Приближно сите анкетирани изразија загриженост во врска со оваа борба. Сепак, тие ги признаваа и позитивните страни на социјалните мрежи, што, за многумина ги надминуваат негативните.

Многу млади Светци од Подоцнежните Дни гледаат на социјалните мрежи како на начин—па дури и како на одговорност—да се сподели добрината. Се обидуваат да бидат искрени на интернет, да формираат вистински врски, и да шират позитивност. Ова често вклучува користење на помалку филтри, споделување на возвишувачка инспиративна содржина, одржување контакт со саканите, и досетливост за тоа што тие објавуваат.

Студија од 2024 година, објавена од PubMed Central1 на Националната медицинска библиотека, ги анкетираше младите возрасни во Италија за нивната употреба на социјалните мрежи. Студијата заклучува: „Интеракцијата помеѓу вредностите на младите луѓе и вредностите пренесувани од медиумите е навистина комплексна и вечно евоулирачка тема[…] Наместо да се фокусиранат на само-промоција или внимателно и беспрекорно самопретставување, младите ја ценат или се преправаат дека ја ценат автентичноста, искреноста, на сметка на лажните претстави […] Во овој контекст, критичката медиумска писменост може да помогне да се развие способноста за оценување на медиумската содржина врз основа на личните вредности на поединецот или да се користат медиумите за самопретставување или создавање содржина на свесен и одговорен начин“ (Tirocchi, 2024).

Ова опкружување се одразува меѓу анкетираните млади Светци од подоцнежните дни. Додека социјалните медиуми имаат и позитивни и негативни аспекти, свеста и медиумската писменост се клучни за мудро користење на овие платформи

ШБНИ на Инстаграм?

Ш.Б.Н.И. (Што би направил Исус?) е израз кој често се користи меѓу Светците од Подоцнежните Дни за да се нагласи Исусовиот пример.2 Испитаниците беа прашани: Ако Светците од Подоцнежните Дни се стремат да бидат како Исус, што мислите дека Исус би направил на Инстаграм?

„Би се фокусирал на Едниот“, велат тие, што значи дека Тој би допрел до секој поединец лично, создавајќи значани врски, и искрено би го споделил Евангелието.

„Би покажал љубов и би ја ширел светлината на светот“. Го замислуваат Неговиот профил како воздигнувачки, инспиративен, грижлив, позитивен, поканувачки, забавен, и иновативен.

„Би ја раскажал Неговата вистината“. Ова не значи да се избегне контраверзиите, туку да се биде искрен и нежен. Исус би живеел и отворено би го споделувал евангелието, расчистувајќи ја збунетоста и користејќи го светото писмо и учењата за да ја шири Својата порака.

Затоа, можете ли да го поддржите учеството на Светците од Подоцнежните Дни на социјалните медиуми?

Можеби, можеби не. Нивните профили може да се спојат со профилите на другите, но нивните влијанија се очигледни според начинот на кој тие подигаат, поврзуваат и инспирираат. Во еден дигитален свет преплавен со содржини, можеби тоа е видот на присуство што е вредно да се забележи.

 

Изабела Дејвис, автор на оваа статија, припаѓа на Ген З генерација и е студент за односи со јавност на Универзитетот брингам Јанг во Соеднинетите држави.


1 Tirocchi, Simona. „Генерацијата З, вредности и медиуми: од инфлуенсери до БидиВистинскиот, помеѓу видливоста и автентичноста“. Frontiers in sociology vol. 8 1304093. 10 Jan. 2024, doi:10.3389/fsoc.2023.1304093

pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC10809394/#abstract1

2 Уредниците на „The Religions Book“,најнапред објавено во Велика Британија во 2013 година од Dorling Kindersley Limited, го избраа „Запрашајте се: ‘Што би направил Исус?’ – Следејќи го Исусовиот пример” е поднасловот на поглевјето за Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.