Што сака Бог да знам денес?

Овој викенд членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни се собраа со пријатели, граѓански лидери, научници и заинтересирани луѓе од целиот свет за да бидат поучени од црковни водачи, апостоли и пророци.

Беа бурни неколку недели за Црквата. Прво со загубата на нејзиниот пророк и Претседател Расел М. Нелсон, а потоа и со напад на Црковната зграда во Мичиген. Но, како што членовите ги претворија тие настани во можности за служење, утеха и сведочење, така направија и водачите на Црквата.

Во текот на два дена и пет сесии, водачите поучуваа, разјаснуваа и сведочеа. Тие зборуваа за градење отпорност, за тоа како да се изгради вера во Христос, меѓу многу други теми.


„Вашата приказна за потеклото е божествена, како и вашата судбина. Го напуштивте небото за да дојдете овде, но небото никогаш не ве напушти!“

Старешина Дитер Ф. Ухтдорф

„Светата музика може да помогне да се запише доктрината за Христос во душата и да нè подготви да ги примиме Неговите уредби. Таа ја поврзува доктрината на Спасителот со нашата меморија и таа меморија со нашето учеништво во Него.“

Сестра Трејси Ј. Браунинг

„Применувањето на чистата доктрина на Христос на поедноставен и фокусиран начин ќе ни помогне да најдеме радост во нашиот секојдневен живот, да дадеме водство во нашите повици, да одговориме на некои од најсложените животни прашања и да дадеме сила да се соочиме со нашите најголеми предизвици.“

Старешина Мајкл Чиесла

„Сите сме подобри кога никој не седи сам.“

Старешина Герит В. Гонг

„Новите почетоци се за повеќе од само нашите гревови и грешки. Преку добрината и благодатта на Спасителот, можеме да имаме нови почетоци што поттикнуваат промена во старите начини на размислување, лошите навики, мрзоволните расположенија, негативните ставови, чувствата на немоќ и склоностите да ги обвинуваме другите и да ја избегнуваме личната одговорност. Всушност, можете да ги промените работите кај себе што ве исцрпувале со години. Можете да започнете одново преку моќта на Учителот на новите почетоци. Тој никогаш не се заморува да ни ги дава тие нови почетоци.“

Старешина Патрик Кирон

„Само Господ целосно го знае вистинското ниво на тежина со кое секој од нас ја трча нашата животна трка - товарите, предизвиците и пречките со кои се соочуваме, а кои честопати не можат да ги видат другите. Само Тој целосно ги разбира раните и траумите што го менуваат животот што некои од нас можеби ги доживеале во минатото, а кои сè уште нè влијаат во сегашноста.“

Сестра Џ. Анет Денис

„Родители, во овој свет каде што има многу гласови, а понекогаш и многу темнина, самиот Бог ни заповедал да ги воспитуваме нашите деца во светлина и вистина... Ако не успееме да го сториме тоа, светот нема да го стори тоа.“

Сестра Андреа М. Спанаус

„Постојаниот стремеж кон умереност ја прочистува нашата душа и го осветува нашето срце пред Спасителот, нежно привлекувајќи нè поблиску до Него и подготвувајќи нè, со надеж и мир, за тој славен ден кога ќе го сретнеме при Неговото Второ доаѓање.“

Старешина Улисес Соарес

„Можеби најголемите проповеди се оние што никогаш не ги слушаме, туку оние што ги гледаме во тивките, скромни постапки и дела што се забележуваат во животите на обичните луѓе кои, обидувајќи се да бидат како Исус, одат наоколу правејќи добро.“

Старешина Б. Кори Кјувелиер

„Одговорот е секогаш Исус Христос.“

Старешина Џон Д. Амос

„Нашиот Спасител Исус Христос е нашиот врвен модел. Ќе бидеме благословени ако ги моделираме нашите животи според Неговите учења и саможртва. Следењето на Христос и давањето себеси во служба еден на друг е најдобриот лек за себичноста и индивидуализмот што сега се чини дека се толку вообичаени.“

Претседател Далин Х. Оукс