Блог

Дали Сакраменталната средба е надреален момент за вас?

Ако сме подготвени да направиме сé што е потребно за да се случи, сакраменталната средба, таа може да биде најочекуваниот час во неделата.

Temple on a mountain

Не така одамна, едно прекрасно саботно утро, додека се враќав дома од посета на Храмот Боунтфил, Јута, поминав покрај неколку велосипедисти кои напрегајќи се многу возеа во спротивната насока. Додека ги гледав како се мачат на она што изгледаше како невозможна падина, првата мисла што ми падна на памет беше, „Мора да се луди“. Прилично сум сигурна дека пророкот Исаија го имал на ум храмот Баунтфил кога рекол, „на крајот на деновите, Гора ќе биде поставена над сите гори“ (Исаија 2:2), зашто храмот навистина е највисоко што може да биде. И еве доаѓаат некои луди велосипедисти обидувајќи се да стигнат до врвот на таа планина—онаа што мојот автомобил се мачеше да ја искачи—на велосипеди. Што се замислуваат дека се?

И одеднаш се сетив. Можеби тие размислуваа дека нивната напорна работа ги прави посилни. Можеби тие размислуваа дека да се стигне до врвот ќе биде прекрасно искуство поради цената што ја платиле за да стигнат до таму. Можеби мислеа дека никогаш нема да можам да уживам во глетката колку што уживаа тие, затоа што јас не поминав низ истите маки за да стигнат таму (што, патем, беше точно, затоа што јас дури и не се потрудив да го фатам погледот сé додека тие не мé натераа да размислувам за тоа). Можеби тие размислуваа дека сите нивни подготовки да стигнат до таа точка вредеа за трудот. Можеби и не беа толку луди на крајот на краиштата.

Додека размислував за искуството што го замислував за овие велосипедисти на врвот на оваа планина, започнав да размислувам за искуството за кое се надевав дека моето семејство и јас ќе го имаме секоја недела за време на сакраменталната средба. Дали со истата трудољубивост и напор го подготвуваме и го предвидуваме нашето неделно искуство со Господ? Во последно време толку многу се советувавме за важноста да го одржиме Сабат свет ден. Од инспиративното водство дадено од Претседателот Расел М, Нелсон за време на генералната конференција во април 2015 на специјалната обука за која се надевам дека сите ние ја добивме во нашите оддели и гранки, имавме многу да размислуваме за нашето почитување на Сабат и што треба да правиме секоја недела за да го направиме поосмислен.

Секојдневна Подготовка

Не можам да бидам сигурна, но претпоставувам дека овие велосипедисти не скокнале туку така да се качат на своите велосипеди тоа утро и одлучиле да се качат на планината. Зошто? Затоа што знам дека ако се обидам, очајно ќе пропаднам по околу педесетина метри на падината. Поверојатно е, дека секојдневно вложувале напори во нивна физичка подготвеност за нивното искачување да биде успешно. На сличен начин, ние не смееме едноставно да се појавиме на сакраменталната средба еднаш неделно, неподготвени, и да се надеваме дека ќе доживееме духовно искуство. Треба да се подготвуваме за истото секој ден.

Зорамитите во Книгата на Мормон присуствувале во црква секоја недела. Но, некаде на патот, го изгубиле од вид самиот фокус на евангелието—Исус Христос—и „западнале во големи заблуди“. Така она што требало да биде крајно осмислено искуство секоја недела, станувало само уште една средба на која треба да се присуствува. А кога завршија, „Се вратиле во своите домови, и никогаш повеќе не зборувале за својот Бог додека повторно не се беа собрале заедно“ (Алма 31:9, 23).

За да се избегнат овие исти грешки, еве неколку прашања за размислување кога ги оценуваме нашите секојдневни подготовки за сакраменталната средба секоја недела:

  • Дали сме ги извршиле сите тие подготвителни саботни активости што го намалуваат стресот за денот Сабат? Една пријателка неодамна објави на Фејбук дека за нејзиното семејство, едноставниот чин на редење на сите црковни чевли по должината на ѕидот и закачувањето на сите тие облеки, панделки за коса, и вратоврски на кваките за врати во сабота навечер ја прави поавтентично искуство.
  • Дали сме се обиделе да ги поучиме нашите деца за важноста на богобојазливоста за време на сакраменталната средба? Богобојазливоста е повеќе од едноставно привлекување внимание на децата за да останат тивки. Тоа е чувство на љубов и почит за светоста. Мали деца можат да научат да бидат богобојазливи со малку поттикнување од страна на возрасни лица на кои им веруваат.
  • Дали ги научивме носителите на Ароново Свештенство во нашите домови и кворуми за важноста на нивните свештенички должности за време на сакраменталната средба? Во Учењата и Заветите 13, учиме дека Ароновото Свештенство ги носи клучевите на евангелието за покајание. Дали ние го разбираме значењето на таа улога? Преку нивната света служба секоја недела, тие на секој од нас нудат способност да се покаеме и да ни биде простено преку администрирање на сакраментот.
  • Дали легнавме да спиеме во разумно време во сабота навечер за да останеме будни за време на сакраменталната средба.
  • Дали правиме сé што ни е потребно во текот на неделата за да го поканиме Духот во нашите животи за да кога ќе дојде недела, да бидеме подготвени и желни за автентично искуство со Господ за време на Сакраменталната средба?
  • Дали сме подготвени да ги оцениме нашите лични ставови и однесувања и навистина интимно да комуницираме со Спасителот за време на администрирање на сакраментот?

На неодамнешната сесија за жени од генералната конференција, Сестра Линда С. Ривс смело ги потсети сестрите дека „заводливите романтични романи, ТВ сапуниците, поврзување на мажени жени и стари дечковци на социјалните медиуми, и порнографијата“ се само некои од многуте алатки што Сатаната ги користи за да нé спречи да се подготвиме за духовните искуства по кои трагаме. За ваквите работи таа советува: „Кога се вклучуваме во гледање, читање или доживување кое е под стандардите на Нашиот Небесен Отец, тоа не слабее. Без разлика на нашата возраст, доколку она во што гледаме, читаме, она што го слушаме, или избираме да го направиме не ги задоволува господовите стандарди во For the Strength of Youth, исклучете го, искинете го, исфрлете го, и треснете ја вратата”.

Подготвени за одење

Велосипедите кои ги набљудував беа подготвени на секој начин за успешна возење. Со пристојна облека, со вистинска безбедносна опрема, и вистинска опрема, тие беа подготвени да се качат на планината. Кога ќе пристигнеме во просториите за средби секоја недела, дали сме подеднакво подготвени за духовно искуство?

Еве само неколку прашања за кои треба да се размислува кога се оценуваат нашите напори како да се придонесе за поавтентична сакраментална средба:

  • Дали доаѓаме облечени на начин кој е во согласност со нашата желба да покажеме почит и љубов за Господ?
  • Дали дојдовме со скршено срце и скрушен дух, нестрпливи да се покаеме и да научиме од Светиот Дух?
  • Дали пристигнуваме рано и ги ограничуваме посетите во капелата за да го одржиме богобојазливото чувство кое треба да постои таму? Тивкото слушање на увертираната музика е одличен начин да се подготвиме за средбата.
  • Дали сме се погрижиле за пијалоците и паузите за тоалет пред да почне средбата?
  • Дали се обидовме да ги сведеме на минимум сите одвлекувања на вниманието, вклучувајќи ги електронските уреди, особено за време на администрирањето на сакраментот? Старешина Далин Х. Оукс поучуваше: „Кога земаме сакрамент, ние даваме свет завет дека секогаш ќе се сеќаваме на Спасителот. Колку е тажно да се видат лица кои очигледно го прекршуваат тој завет на среде средба каде и го склучиле“.
  • Дали се справуваме со одвлекувањата на внимание на младите деца на ефективни начини? Бидејќи Црквата е само за семејството, младите деца секогаш ќе биде фактор на сакраменталните средби. Но ние можеме да дојдеме подготвени за да се справиме со одвлекувањата. Ако децата се наши, можеме да ги однесеме надвор за да придонесеме за целокупното чувство на богобојазливост на средбата. А ако децата не се наши, можеме да се исклучиме од малите одвлекувања на внимание без да осудуваме или да покажуваме нетрпеливост или дури да им понудиме помош ако е соодветно.
  • Дали ги пееме избраните химни со восхит и почит? Химните се интегрален дел од осмислено богослужење, и ние можеме поефикасно да го каниме и да учиме од Духот кога учествуваме во службата.
  • Дали предвидуваме духовно доживување за време на сакраменталната средба и остануваме будни и внимателни за време на администрирање на сакраментот и говорите?
  • Дали гледаме на администрирањето на сакраментот како на еден од најдрагоцените моменти од нашата недела? Преку овие свети обреди, Спасителот нуди простување, сила и можност да се сетиме на заветите што сме ги склучиле.

Како и со најголем број на работи во животот, секој од нас ќе го добие од сакраменталната средба токму она по што трага. Ако тргнеме во очекување на секојдневието или досадното, сигурно ќе го добиеме она што го баравме. Но ако ние одиме секоја недела искрено трагајќи по духовно доживување, такво каде можеме да комуницираме со нашиот Отец на Небесата и нашиот Спасител Исус Христос—и подготвени сме да вложиме напор да го постигнете тоа—ќе откриеме дека за приближно еден час секоја недела, ние добиваме надреално искуство што нé прави да кажеме, „Да, тоа вредеше за трудот што го вложив за да стигнам таму“.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе во врска со подобрување на вашето искуство за време на сакраменталната средба, прочитајте го говорот на Старешина Далин Х. Оукс „Сакраментална средба и Сакраментот” или говорот на Претседателот расел М. Нелсон „Обожување на сакраментална средба“, или погледнете го видео записот „Purposes of Sacrament Meeting“. За некои навистина одлични предлози, прочитајте го натписот „Getting the Most Out of Sacrament Meeting“.